Без вода денеска од 15:35 часот се корисниците од булевар „3-та Македонска Бригада“ од броевите 21 до 31, улиците „Фрањо Клуз“ и „Коста Новаковиќ“ во Аеродром.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф-150 милиметри на булевар „3-та Македонска Бригада“ бб.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
