Нема датум за избори, преговорите продолжуваат идната недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерите на политичките партии денеска на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски не договорија датум за избори.

Ако од власта посакуваа избори на средината на јуни, ставот на опозициските партии беше јули.

Но, засега не е постигнат договор, а преговорите ќе продолжат идната недела кога се очекува да има нова лидерска средба.