Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Северна Македонија, Благоја Милевски ја објави листата на фудбалери за квалификационите натпревари за Светскиот шампионат 2022.
Од репрезентацијата, освен пензионираните Пандев, Тришковски и Велковски, надвор се најдоа и Бејтулаху, Хасани и Стојановски. Милевски вели дека ги следел нивните натпревари и дека не го убедиле доволно.
Милевски стави на листа двајца фудбалери кои речиси никогаш не биле активни во нивните екипи. Ѓоко Зајков од Левски и Александар Трајковски од Мајорка.
Инаку во тимот се враќа офанзивецот Адис Јахоски кој игра во Гестепе, Турција.
Репрезентацијата на почетокот на септември го започнува квалификациониот циклус. Првиот натпревар ќе го одигра на 2 септември против Ерменија, на вториот натпревар ќе се соочи со Исланд на 5 септември а третиот натпревар е со Романија на стадионот “Тодор Проески“ во Скопје, на 8 септември.
