Нема минусни температури низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утрово нема минусни температури низ Македонија.

1 степен е регистриран на Попова Шапка, 3 Лазарополе, 6 Mаврови Анови, 7 Охрид, Крива Паланка, Претор, Kрушево, 8 Куманово, 9 Берово, Струмица, 10 Прилеп, Штип, 11 Скопје-Петровец,  Гевгелија, Демир Капија, Виница, 12 Битола, Велес, Кавадарци, Тетово, 13 Скопје-Зајчев Рид.    

Висината на снежната покривка во Попова Шапка изнесува 47 см.

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.