Нема одлука за укинување на ПЦР тестови – Хасани: Дискутираме, но Комисијата нема конечна одлука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести на денешната седница дискутираше за укинувањето на ПЦР тестови за државјаните на земјите од регионот, но сѐ уште нема дефинитивно мислење, вели заменик-министерот за здравство, Илир Хасани. Тој за ТВ21, рече дека отворањето на границите без ПЦР тестови било приоритетно прашање и дека го прават максимумот за да се укинат. Како што вели, интерес за ова покажале и другите земји од регионот.

„Во Комисијата за заразни болести денеска е дискутирано за забрзување на постапките за укинување на тестот. Не е точно дека Комисијата дала конечно мислење да се укинат тестовите но е дискутирано дека тестирањето врз база на сите епидемиолошки параметри и врз основа на сите други социо-економски параметри е дискутирано дека ќе треба да се разгледа повторно на многу сериозен начин укинувањето на ПЦР тестот за патување во земјите од регионот.“, рече Хасани.