Откако имаше четири позитивни на Ковид-19, повеќе нема коронавирус во фудбалскиот клуб Ренова.
Од тимот од Тетово објаснија дека и по вторите направени тестови, сите вработени во тимот и фудбалери, се негативни.
Првото тестирање, откако беше откриено дека има четири позитивни, беше направено минатата недела, и тоа покажа негативни резултати.
Позитивни два случаи имаше и во тимот на Шкендија.
