Нема позитивни знаци за кревање на ветото, јуни се ближи, а блокадата останува?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

-Ако ништо не се случи сега, јасно е дека ќе останеме посветени на европските реформи.
Дали оваа изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи е предупредување дека спорот со Софија нема да се реши до јуни, а како последица и овој пат ќе има „бугарски црвен картон“ за отворање на пристапните разговори. Шефот на дипломатијата пред новинарите рече дека ова прашање не зависи од неговата проценка.

Во овој правец, Османи додаде дека не сака да ги коментира внатрешните работи на Бугарија.

На Самитот во јуни ќе треба да се одлучува за одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, но без повлекување на ветото од страна на Бугарија, такво нешто нема да се случи.