Нема препораки за нови мерки поради делта сојот, одлучи Комисијата за заразни болести

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести не препорача нови мерки, сметајќи дека во моментов ситуацијата е под контрола, но будно ќе се следи состојбата, дознава ТВ21 од извори блиски од Комисијата.

Комисијата за заразни болести утрово имаше состанок на кој се разгледуваше тековната епидемиолошка состојба со коронавирусот.

Беа најавени можни мерки поради делта сојот кој зема се поголем замав во Светот, а се појавува и во соседството.