Нема работна сила, пензионерите ќе можат да работат – донесени законските измени, 4 месеци во годината во три дејности

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пензионерите, студентите, социјалците, младите над 15 години и странците може да работат без да ги изгубат веќе стекнатите права.

Пензионерите ќе примаат и пензија и плата, а социјалците не го губат правото на социјална помош. Работодавачите ќе може да ги ангажираат 4 месеци во годината, но само во три дејности. Земјоделство, угостителство и услужни дејности, односно ќе може да работат по хотели, домови за стари лица или како помошници во домаќинствата.

Ги прашавме пензионерите дали се подготвени да работат.

-Имам 72 години во 73-та. Психички и физички не сум способен да работам. Едвај одам. Сега се тркалам не одам, вели граѓанин.

-Не ме интересира. Јас сум многу возрасна и не сум заинтересирана за работа, вели друг граѓанин.

„Да, душо моја би работела, не од што би сакала. Повеќе би сакала да идам на одмор, да идам на море, коските мои бараат сол, сакам, сакам со пензионерите да идам. Не ни стигнува за месечното трошоци за да го поминеме, лековите да си ги купиме. Не ми стигнува струјата да си ја платам, а сама живеам јас морам сама да си заработам. Било каде да ме викнат јас би работела, таму да ме викнат кај нив, нив ќе ги заменам, ќе работам и таму. Значи професија не ми е проблем. И претседател да ме стават, вели граѓанка.

-Јас не би работел во овие години. Оние што се помлади од мене, а се пензионери мислам дека треба оваа шанса да ја искористат, вели граѓанин.

Работодавачите не очекуваат големи ефекти од законот, бидејќи се изоставени многу дејности, меѓу која и градежништвото. Велат ќе се легализираат само оние кои и сега работат на црно.

-Во суштина законот треба да го олесни ова вработување, со тоа што нема да има оглас е поедноставен начин на пријавување на работникот, значи со мобилен телефон и наместо сите придонеси ќе се плаќа само пензиско и професионално заболување. Значи нема да се плаќа здравство 7,5 проценти и вработување 1,2 проценти, изјави Ангел Димитров, ОРМ.

Законот предвидува придонесите за пензиско и здравствено осигурување да ги плаќа работодавецот. Очекувањата се 30 илјади лица да бидат ставени на располагање на пазарот на труд.