Кристијан Ериксен, данскиот репрезентативец колабираше во саботата за време на мечот Данска – Финска во Копенхаген.
За време на гостувањето во „10МИНУТИ“ на ТВ21 го прашавме поранешниот репрезентативец Александар Васоски како е можно да се случуваат вакви работи во вакво време кога играчите минуваат низ многу тестови.
„Навистина немам зборови. Бев во шок два дена и уште не можам да се соземам. Не знам што да кажам. Едноставно се случуваат вакви работи, и покрај тие многу тестови и контроли кои ги минуваат и пред Европското првенство, и во неговиот клуб Интер. Добро е што остана жив, иако неговата кариера сега е под знак прашање, но најважно е што е жив“, рече Васоски.
