Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми во изјава за медиумите истакна дека немаат информации каде е пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.
„Секако дека пратениците се за една Влада која негува европски и евроатлантски вредност, така што срцето на г-дин Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, и јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука“, истакна Адеми.
Инаку, пратеникот Реџепи денеска објави на својот Фејсбук профил дека нема да присуствува на седницата за гласање на недоверба на Владата, со што овозможи партиите да немаат кворум.
