Нова Година е време кога толку многу храна се подготвува и скоро секогаш има остатоци, па не е ни чудо што набрзина ќе останете без простор во фрижидерот.
Сепак, овој проблем можете да го решите со еден многу едноставен трик кој веќе го имате во вашата куќа.
Имено, еден корисник на социјалните мрежи го сподели својот трик за удвојување на просторот во фрижидерот, а сè што треба да направите е да ги извадите металните решетки од вашата рерна и да ги наместите во фрижидерот. На тој начин ќе создадете дополнителни полици на кои ќе можете да чувате храна.
Многумина беа воодушевени од нејзиниот трик и ги споделија своите позитивни реакции.
„Ова е супер! Не знам како порано не размислував за ова“, е само еден од многуте коментари.