Немате калап за мраз? Еве како да направите и без него

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За правање на коцки мраз може да користите силиконски или пластични калапи. Но доколку немате, може да пробате и со други садови кои ги имате дома.

За правење може да користите и силиконски калапи за колачиња или да импровизирате со кутија од јајца, со тоа што ќе ја обложите со пластична или алуминиумска фолија.

Исто така постои начин за правење на мраз без калап за мраз, и тоа со замрзнување во мала количина во кеса за замрзнување. Наполнете ја кесата до четвртина и оставете малку воздух за да ги извадите деловите потоа откако ќе ги искршите со сукало или со чекан за месо.