На 19.02.2021 во 09.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во периодот 02/03.02.2021 од подружница на Пошта на ул.„Никола Карев”, непознат сторител одзел два мотоцикла, сопственост на АД „Пошта на Северна Македонија“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
