Нешто големо удрило во Јупитер (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не е необично досега некое небесно тело да залута и да удри во планета како Јупитер или Сатурн, но не е често тоа и да се снима.

Токму тоа се случило пред 10 дена, кога астрономите забележале огромна експлозија во горната амосфера на планетата. Дури и било сниман целиот настан.

Ако се потврди автентичноста на случувањето, тоа ќе биде осми таков удар забележан на Јупитер, од ударот на кометата „Шомејкер-Леви 9“ во 1994 година, која се распадна поради силата на Јупитер и предизвика серија на удари.

Сепак дел од стручњаците велат дека прво треба да се испита силината на ударот, со оглед дека на оваа планета се случуваат 20-60 удари годишно.