44 годишна жена го загубила животот синоќа, откако со автомобил паднала во река на патот кон месноста Бањиче. Во автомобилот имало уште три лица кои се здобиле со телесни повреди. Истражните органи ги истражуваат причините за несреќата, но од снимките се гледа дека на овој дел патот се стеснува, нема јавно осветлување а иако е кривина не може да се види ниту еден знак кој укажува на таа кривина или стеснување на патот. Оваа година овој пат се изгради и на горниот дел, а само еден дел е неизграден и тоа токму тој каде се случила несреќата.
„Се наоѓаме на местото каде синоќа еден автомобил со тетовски регистарски таблички излетал од патот и паднал во реката зад мене. Во несреќата животот го загубило едно лице а тројца други се повредени“, јавува репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари
Од Клиниката во Тетово велат дека на лекување се двајца пациенти а еден е испратен на Клиниката во Скопје.
„Третирани се 3 пациенти кои се пријавиле во Одделот за хирургија и трауматологија. 2 се пациенти со повреди на главата, телото и очите. Еден е лекуван на Одделот за офталмологија, а другиот е префрлен на Универзитетската клиника за офталмологија во Скопје. Третиот пациент е хоспитализиран на одделот за хирургија и трауматологија со повреди на главата на телото“, велат од тетовската болница.
Последниве недели бројот на сообраќајни несреќи со смртен исход е зголемен во Полошкиот регион. Во неколку случаи причини за несреќите била големата брзина но и недостигот на патна сигнализација.
