Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран. Тој рече дека целта е „да му се помогне на иранскиот народ да се ослободи од оковите на тиранијата“.
„Но, нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските“, рече Нетанјаху за време на состанокот со раководителите на израелските болници и здравствен систем.
Утрово, една од ракетите лансирани од Иран беше пресретната, додека другата падна во морето во близина на Тел Авив. Израелската армија предупреди дека наскоро планира напади врз градовите Тир и Сидон во јужен Либан, познати и како Сур и Саида.
