Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската веднаш да изврши напади во Газа.
Ова доаѓа откако израелските власти објавија дека останките вратени од Хамас синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе бил погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници кои сè уште се во Газа.
Во соопштението од кабинетот на премиерот се вели:
„По безбедносните консултации, премиерот Нетанјаху му нареди на воениот ешалон веднаш да изврши силни напади во Појасот Газа“.
Соопштението на Нетанјаху дојде кратко откако Израел соопшти дека Хамас отворил оган врз израелските сили во јужна Газа.
„Израелските сили беа нападнати денес во градот Рафа и возвратија на оган“, изјави израелски воен претставник.
