Нетанјаху: Ова е можност иранскиот народ да се спротивстави на режимот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва ѝ порача на јавноста дека можат да ги напуштат своите засолништа, откако нов бран ирански ракети прелета над израелска територија.

„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во својот говор вечерва.

Тој, исто така, им се обрати директно на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.

Министер за одбрана: Иран ја премина црвената линија

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац рече дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети врз израелски цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.

Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, за време на кои беа погодени нуклеарни објекти, а беа убиени високи команданти и научници.