Додека голем број жители на Тајланд ја одбележуваат Нова година со огномет, стотина верници одат во храмот Такиен во предградие на Бангкок да лежат во м*товечки сандаци во текот на традиционалниот ритуал. Учесниците на бизарната церемонија веруваат дека тоа ја симболизира смртта и повторното раѓање и оти тоа им помага да се ослободат од лошата среќа, како и оти тоа ќе им донесе нов почеток во следната година. За време на обредот тие во рацете држат цвеќе и темјан, додека свештениците ги покриваат со розови чаршави и при тоа изговараат молитви.
Мнозинството Јапонци за Нова година ги посетуваат манастирите и светилиштата, а околу 30.000 од нив 2019 година ја дочекаа гладајќи боксерски натптевар меѓу Флојд Мејведер и кикбоксерот Тенџин Насукаве.
Во Кина Нова година се одбележува воглавно во централните провинции, а за Кинезите е многу позначајна кинеската Нова година, која е во февруари, а се дочекува првенствено во храмовите со ѕвонење и молитви.
Во Русија Нова година се дочекува во 11 временски зони, додека граѓаните на Париз и туристите се собираат на Елисејските полиња.
Во продолжение ви препорачуваме топ пет предлог дестинации каде да ја дочекате најлудата ноќ :
Амстердам
Во срцето на Холандија, Нова година се слави со шампањ, крофни од јаболко и грозје и огромна количина на огномети. После полноќ се преплавени сите барови и улици низ Амстердам од локални жители, но и многубројни туристи.
Барселoна
Типично за шпанскиот стил, прославата почнува покасно отколку што би очекувале. На полноќ, традиција е да изедете 12 црна грозје пред да започне забавата. „Plaça de Catalunya“ и „Las Ramblas“ се најдобрите локации за забава.
Берлин
Берлинците имаат посебна страст за пиротехниката. Илјадници луѓе новогодишната ноќ ја минуваат на плоштадите во градот и ги гледаат живописните огномети.
Будимпешта
Прославата за дочекот на Новата година, во Будимпешта трае три ноќи, од 30 декември до 1 јануари. Во овој град имате можност да бидете дел од многубројниот народ кој новогодишната ноќ ја минува на плоштад, а за време на прославата насекаде се точи шампањ. Во овој период јавниот превоз е организиран во текот на целата ноќ.
Истанбул
Една од најдобрите дестинации кои можете да ја одберете за дочек на Новата година е и турската метропола Истанбул.



