Веќе 15 години се пријавува во Заводот за вработување за да добие работа, но безуспешно.
Овој граѓанин вели дека Владата им нанела неправда на невработените со тоа што не ги опфатила во пакетот мерки.
Критики за владините мерки пристигнуваат и од други невработени граѓани.
Прашавме во Министерството за труд и социјална политика зошто во антикризниот пакет не се опфатени и невработените граѓани. Од таму велат дека целта не е тие да останат пасивни во системот.
„Системот на социјална заштита е така креиран да може да ги апсорбира сите оние граѓани кои се нашле во состојба на социјален ризик, но целта не е тие да останат пасивни во системот, туку да се активираат на пазарот на труд“, велат од МТСП.
Инаку, над 200 илјади граѓани од ранливи категории ќе добиваат финансиска помош во наредните четири месеци. Тука спаѓаат корисници на гарантирана минимална помош, пензионери со ниска пензија, самохрани родители и стечајци, оваа категорија ги опфаќа невработените лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
