Невреме направи хаос во Москва (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Москва вчера во силно невреме се срушени 170 стебла, додека пријавени за оштетени биле 45 автомобили, јавува агенцијата РИА.

Главниот руски град беше погоден од голема количина на дожд, а метеролозите предвидуваа дека за кратко време ќе падна околу 70% од месечната количина на дожд.

Многу улици биле поплавени, а водата влезе и во некои станици на московското метро. Беа оштетени неколку згради и куќи во московската околина.