Жителите од улица Ѓорѓи Сугаре во скопската населба Кисела Вода, ноќта ја поминаа на отворено.
Силно невреме проследено со ветер кој достигна брзина над 100 km/h урна покрив од две згради, уништи повеќе од 20 возила.
„Имам оштетувања. Колата не се ни гледа. Што се наоѓа под покривот, ќе видиме кога ќе се расчисти“, истакна жител.
„Ќерката дојде во 12 од Автокоманда. И среќа поминала тука, но 10 минути пред невремето, ќе загинеа на место двајцата за малку. Излегов надовор и гледам невреме“, додава жител.
„Излегов не терасата и гледам чисто е, само врнеше. Отидов да го затворам прозорецот, за неколку секудни се случи. Како авион да помина, ние мислевме авион се сруши, падна. Првиот удар беше во дрвото и потоа кровот летна кон автомобилите“, посочи жител.
Во скопски Карпош кровна конструкција падна врз случаен минувач, но за среќа веднаш доби помош од останатите граѓани, па заврши со лесни повреди.
Видео атмосфера повреден човек
Штети има и врз објекти од проектот „Скопје 2014“ година, а без покрив остана и средното хемиско училиште.
„За среќа имаме повредено само едно лице и немаме поголема штета во смисла на здравјето на луѓето. Материјалната штета е нешто што полесно ќе го надоместиме“, порача Петре Шилегов.
Жителите кои ги анкетираше ТВ21 неколку часа по полноќ, велат дека повеќе 50 години живеаат, во овие згради кои синоќешното невреме ги оштети. Прекинати се кабли, срушен е оџак. Повозрасните жители не се сеќаваат на вакво невреме.
ТВ21: Тука живеете повеќе години?
Жител: Од 1964 година сум тука. Не паметам вакво нешто, прв пат вака се случува.
ТВ21: Кратко траеше?
Жител: Па да речам 10 минути. Многу штета, сите автомобили се оштетени.
Жител: Од 1965 година сум тука.
ТВ21: Паметите вакво невреме?
Жител: Не, ова прв пат се случува. Имало дождови, имало ветрови, но вака прв пат. Јас 80 години ќе направам досега вакво нешто не се случило, не знам што е ова.
ТВ21: Се случило досега вакво нешто?
Жител: Не! Досега не, ова беше за неколку секунди. Значи толку траше, мислам 5 секунди, но ударот беше многу јак.
Од Управата за хидрометоролошки работи засилен ветер со врнежи од дожд и снег најавуваат и за следните денови. Сите кои имаат било каква штета треба да достават барање до општината за ублажување на последиците од штетите.
