Невремето донесе инцидент во Сплит: Траект удрил во два брода, едниот потонал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На бродот на Јадролинија, „Петар Хекторовиќ“, кој бил закотвен во сплитското пристаниште, му се скинале јажињата и удрил во два брода во близина. Како што пренесува 24 часа, сè се случило за неколку минути. Еден брод почнал да тоне по ударот. Тракетот најверојатно се откачил поради силното невреме кое го зафати тој регион.

„Седев во камион на фериботското пристаниште, Хекторовиќ беше закотвен пред мене, ја свртев главата две минути, а кога погледнав назад кон бродот, го немаше. Јажињата се скинаа и ветерот го однесе до бродовите што беа закотвени малку подалеку“, раскажува еден очевидец.

Друг очевидец за 24 часа рече дека видел човек како скока од брод кој тоне.

„Се слушна силен тресок, а потоа ја видовме ситуацијата од канцеларијата. Во еден момент дождот беше толку силен што едвај можевме да го видиме фериботот, кој беше на 10-15 метри од нас. Хекторовиќ го прободе трупот на бродот, а тој почна да тоне. Човекот мораше да скокне“, рече тој.