Независниот синдикат на полицијата на протест, револт кон ЈО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на протест за да изрази револт кон Јавното обвинителство, поради нивните колеги кои се под истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62 млади лица, а повеќе од 200 беа повредени.

„Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ‘ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани’. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, верувајте дека ќе заглави по затвори“, изјави претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов на денешниот протест.

Полицајците присутни на протестот симболично ги оставија легитимациите со цел да укажат дека „им е смачено да чекаат кој следен од нив ќе биде уапсен“.