Никаква инфраструктура во Ламели – нема ниту една здрава улица во кичевската населба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улици со дупки, автомобили паркирани насекаде, паркот полн со отпад и уништена фонтана. Ваква е состојбата на населбата во Кичево. Жителите велат дека последен пат овие улички се асфалтирани кога биле изградени зградите во населбата. Тие за ТВ21 велат дека неколку  пати побарале од властите да се направат улиците но нивните барања не наишла на слух.

„Баравме да се реконструира, но не наидовме на разбирање од надлежните. Јас сум тука од ’87, одвреме навреме ќе санираат некоја дупка колку да се види, и тоа е се. Најмногу реагираат пред избори, колку да се рече и потоа се’ се заборава“, вели жител.

„Да ви кажам право откако е започнатата изградбата на становите тогаш ги асфалтираа и пред три години малку ги санираа каде што имаше дупки и од тогаш немаат направено ништо“, изјави жител.

Оваа населба главно е населена со Македонци но градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари рече дека не ги делат жителите врз етничка припадност, ниту во образование, спорт, култура, социјални прашања или инфраструктура.

„Во населбата интервениравме неколку пати но сега ако има забелешки, не се во прашање улиците, туку околината на оваа населба каде што средуваме канализација на отпадните води на два објекта кои се во завршна фаза иго средуваме и водоводот и додека се средат тие прашања, имаме активности од Комуналното претпријатие“, посочи Фатмир Дехари.

На територијата на општина Кичево продолжува динамиката на асфалтирање и поплочување на улиците со бекатон во неколку населби и села на оваа општина. Овие денови се работи и на улицата Кнежино за која ТВ21 известуваше пред некое време.