„Никогаш нема да добиеме подобар предлог“ – Повик да не се испушти можноста со францускиот предлог

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не е најдобар, но подобар предлог од францускиот, Северна Македонија нема да добие никогаш, вели првиот вицепремиер Артан Груби правејќи споредба со решавањето на спорот за името со Грција, за којшто рече дека претходните предлози биле подобри.

Дека новиот француски предлог е добро решение за почеток на евроинтегративните преговори, со симнување на бугарското вето, смета и специјалниот емисар на германската влада за земјите од Западен Балкан, мануел Сарачин кој е во посета на Скопје. Сарачин рече дека предлогот го зачувува македонскиот јазик и идентитет.

И вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вели дека новиот француски предлог е подобар од претходниот и дека не треба да се испушти шансата. На заедничката прес конференција со Сарачин, Маричиќ кажа дека Владата се уште не донела одлука и дека предлогот се уште им се презентира на сите страни, и дека по консултациите и ставовите на Собранието и партиите, ќе се донесе конечна одлука и од Влада.

Протоколот се уште не е договорен до крај и не е потпишан, рече Маричиќ а очекува тоа да се случи следниве денови.