-Уживајте во натпреварот – со овие зборови селекторот Благоја Милевски вечерва во 20:45 часот ќе ги испрати фудбалерите на теренот пред Белгија. На прес конференцијата ден пред овој натпревар не ја пропушти шансата да ги испофали нашите фудбалери. Вели дека е горд што предводи една ваква група, која што постојано се залага и со гордост го носи националниот дрес. Кога новинарите го запрашаа за Белгија, иако Македонија е лидер на табелата, сепак рече дека и натаму противникот е фаворит на овој натпревар. Треба да се одигра внимателно, треба да се одигра дисциплинирано и само како еден комплетен колектив и репрезентација може да се дојде до позитивен резултат, пренесува репортерот на ТВ21, Един Растодер од Гент.
Дефанзивецот Муслиу исто така рече доколку ја повториме играта од Скопје, дисциплинирано, во одбраната, во средниот ред, па и во нападот, тогаш можеме да се надеваме на позитивен резултат. Еве дел од нивните изјави на прес конференцијата.
-Морам да бидам горд и задоволен од сето она што го покажуваат. Секако дека енергијата и тимскиот дух што владее во моментов во нашиот тим е движечка сила кој не води напред и правецот во кој што треба да се движиме и во иднина. Максимален респект кон тимот на Белгија кој и натаму е фаворит во нашата група, со инзвореден играчки ростер, но од друга страна, ние се уште си го живееме нашиот сон, се надевам дека што подолго ќе останеме конкурентни во овие квалификавии па ќе видиме како ќе заврши, вели селекторот Благоја Милевски.
-Оние 1:1 од Скопје даваат надеж за позитивен резултат. Каков ќе биде исходот, ќе дознаеме вечерва некаде после 22:30 часот. Да се надеваме на позитивен резултат и останување на првото место, вели репортерот на ТВ21, Един Растодер.
Од Гент, за ТВ21, Един Растодер.