Иако од Движење Беса се уште не соопштуваат која од албанските партии ќе оди на средбата што ја свикаа, се чини дека ниту една од нив не ја прифатила поканата. Во одговорот на ДУИ се навестува дека ќе учествуваат само на средбата што ја организира премиерот Ковачевски, а не и на средбата што ја свикува Беса.
„Средбата на политичките партии е закажана за понеделник во 12 часот во Собранието“.
ТВ21: Зборувам за средбата што ја свика Беса. Имате ли одговор или останува само оваа понеделничка средба?
„На оваа средба мора да бидат присутни сите парламентарни партии“.
Од Алтернатива не чувствуваат потреба од ваква средба бидејќи како што велат сега сите партии, вклучително и македонските, се изјасниле за оваа уставна промена.
„Алтернатива веќе се изјасни дека во однос на темата за отстранување на 20% немаме дилема дали треба да ја поддржиме и дека нема потреба од некоја посебна средба. Неалбанските партии се веќе подготвени за ова прашање и ова веќе не е тема која наметнува некаква посебна средба на албанските политички партии. Доколку има други околности и други теми, таквите покани ќе бидат разгледани“, велат од Алијанса на Албанците.
На состанокот на Беса нема да учествува ниту првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.
„Во однос на уставните измени за бришење на 20 отсто од Уставот, треба да се истакне дека ние сме иницијатори на овие измени, додека АА и Беса се обидуваат да ја присвојат и копираат оваа иницијатива“, велат од ДПА.
Од Алијансата за Албанците став ќе имаат по состанокот на Комисијата за организирање на конгресот, што ги има ингеренциите на раководството. Беса средбата ја свика во рамките на заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии на која беше предупредено дека главна тема ќе бидат уставните измени и отстранувањето на 20 отсто како дефиниција за Албанците.
Во меѓувреме, кога Беса ја упати поканата за средба, не го одреди ниту денот ниту часот за тоа да се направи во координација со агендите на партиите.