Никој не сака „трка“ со Заев за лидер на СДСМ – В недела избори во партијата, ќе се гласа „За“ или „Против“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Први непосредни внатрепартиски избори во Социјал демократскиот сојуз на Македонија, кои беа оценети како највисок степен на демократија, останаа со само една опција за избор, старо-новиот Зоран Заев.

Изборите ќе се одржат в недела, а членовите ќе може да заокружат „за“ или „против“ Заев.

Ќе се гласа од 8 до 19 часот, а доколку старо-новиот претседател добие поддршка од членството, најави крупни промени во партијата. Во своето обраќање рече дека за најважните прашања треба да се застане на иста страна со опозицијата.

А, од ВМРО-ДПМНЕ се огласија со соопштение за прес конференцијата на Заев. Од таму велат колку е Зоран Заев демократ говори фактот што е единствен кандидат за претседател на СДСМ за претстојниот конгрес. Заев ја окупира СДСМ и се пресметува со сите квалитетни кадри, велат од опозицијата.

„За најважните прашања треба да застанеме заедно со опозицијата. Сите да се вградиме во институциите. Да нема разлики повеќе и несогласувања дали сме за напред или сме за назад. Сите да бидеме за напред едни локомотивата, други вагоните, ама сите напред, а не едните напред другите назад. Сметам дека на СДСМ му личи и дека ќе продолжи да биде локомотивата. И СДСМ ќе покаже дека на македонските шини кон иднината има и место и потреба за многу вагони, кој ќе биде локомотивата, а кој вагон ќе одлучат граѓаните“, посочи Заев.