Вечерва во „Клик Плус“ дебатираме на тема интеграција на Македонија во ЕУ. Имаме странски и домашни гости, а еден од гостите во студио е Димитар Николоски. Негова специјалност се трендови на авторитарни режими и иделогии во Европа.
Николоски го коментираше нон-пејперот на Јанша, за кого кажа дека е создаден да направи еден „шум“ во европската политика. Додаде дека Брисел во моментов делува несериозно и изгубено во моментов, не коментирајќи го нити нон-пејперот, ниту изјавата на Вархеи за одделување на Албанија и Северна Македонија.
„Изјавата на Вархеи и нон пејперот на Јанша, е да создадат еден шум во европската политика кон Балканот, да го намалат кредбилитетот како што го нарекуват „меурот во Брисел“. Мислам дека во тоа успеваат во моментов. Брисел делува некако несериозно и изгубено во моментов.
Моето мислење дека мотивите на Јанша се да направи разногласие во ЕК и да не знаат како да се постават, а тоа да продуцира една фрустрираност на Балканот кон Брисел“, додаде Николоски.
