Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за претстојните локални избори.
Како што истакна, нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски сигурно ќе го добие градот Скопје, додека пак во Чаир ќе победи Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН.
„Мислам дека е извесна работата во Центар, ние го поддржуваме тука кандидатот на ЗНАМ, но кога ќе ги видите партиските анкети ние сме далеку пред СДСМ, и кога ќе видите еден на еден гласовите исто така Лабудовиќ е далеку напред и очекувам лесно да биде избран за градоначалник“, вели Николоски.
