Македонија влегува во инфалација ќе поскапува храната, електричната енергија, нафтата, рече синоќа во „Click Plus“ Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се официјални податоци од Народната банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи“, истакна Александар Николоски.
Во однос на блокираното Собрание, Николовски вели дека ќе ги гласаат само законите кои се во интерес на граѓаните, демантирајќи тие токму неговата партија го кочела пакетот со мерки за помош за бизнисите.
„Законот за одбрана, е закон за одмазда, односно измените на законот за одбрана се носат се со цел Радмила Шекеринска да се одмазди на Ковачки кој е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од причина што Ковачки ја напаѓа работата на Радмила Шекеринска и на ова Министерство за одбрана, односно наоѓаат начин како да го сменат законот и да го избркаат човекот од работа“, вели Александар Николоски.
За опозицијата локалните избори се и можност за одржување и на предвремени парламентарни избори.
„Предвремени парламентарни избори ќе има, прашањето е дали два пати Македонија ќе троши пари и ќе има изборни кампањи или еднаш. Зошто го велам ова? Едната опција е да се согласи СДСМ, да не води инат и да да одиме на предвремени заедно со локалните во октомври, ноември оваа година, втората опција е откако ќе загубат на локалните избори ќе падне владата и на пролет следната година да одиме на предвреени парламентарни избори“, посочи Александар Николоски.
Поради спорот со Бугарија, Николовски е убеден дека оваа година нема Македонија да ги започне пристапние преговори со ЕУ, додава дека големи држави не се убедени бидејќи земјата не е подготвена за борба со корипцијата.
Дали Николовски ќе биде наследник на Мицкоски?
„Јас се гледам како најблизок соработник на премиерот Мицкоски, затоа што тоа ќе биде премиер“, порача Николовски.
