Ружица Николовска, адвокат и член на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24, зборуваше за правосудството во државата. Таа кажа дека имало еден апсурден случај од нејзиното искуство, кога екс обвинител од СЈО кој земал бонуси, гонел поранешен пратеник за дневници.
„СЈО води предмет против поранешен пратеник за примани средства во име на дневници или не знам таму за што, и предметот го води обвинител од СЈО, за кого притоа ви излегува во јавност колкави бонуси тие поделиле, и никој не одговара за тоа. Апсурдно е. И немојте да ме сфатите погрешно, не зборувам политички, не зборувам за некакви поени, туку од она што јас лично го имам видено и доживеано во пракса“, рече Николовска.
