Николовски: 1.5 милиони граѓани се попишаа, со пописот ја трасираме иднината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил објави видео во кое може да се забележи дека тој и неговата сопруга ја исполниле нивната граѓанска обврска, се попишале и дале придонес кон успешната реализација на оваа важна статистичка операција.

Тој посочи и дека досега потпишани се еден милион и петстотини и осумнаест илјади граѓани.

„Пописот е важен за сите нас, за креирање ефикасни мерки, за развој на секој регон, тоа е влог во нашата иднина. Ти не си само бројка! Учествувај и попиши се!“, напиша Николовски.