Николовски: Нема да ја повлечеме иницијативата за гласање недоверба на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес конференција пред Собранието посочи дека денес во Македонија се погазила демократијата.

„Денес во Македонија се сруши демократијата и имаме црн ден што ќе остане запишан во страниците на историјата, беше киднапиран пратеник и видовме како режимот на власт се транформира во најкриминоген режим на просторот на Европа“, рече Александар Николовски.

Тој вели дека оваа ситуација не е за долго, и додава дека за ова ќе има одговорност.

Според него очигледно е дека криминалниот режим на власта се обидува по секоја цена да остане на власт.

На новинарско прашање околу тоа дали ќе се откажат од иницијативата за гласање на недоверба на Владата, Антонио Николовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема да ја повлечат, но ќе си заминат.