Николовски објаснува во кој дел Стојко Пауновски го прекршил етичкиот кодекс

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, вечерва во „Клик Плус“ коментираше за одлуката за разрешување на директорот на ДПИ Стојко Пауновски.

Тој потенцираше во кој дел Пауновски го прекршил кодексот за да биде разрешен од таа функција.

„Во тој дел 22 вработувања се одобрени за инспекторатот за источниот регион. Но исто така има и закон кој е донесен во Парламентот. И ова е проблем од 2001 година од Рамковниот договор, на база на сите регислативи, ние решивме тие луѓе да не седат дома и да земаат плата, но тие што сакаат да работат да им се даде шанса. Преку 200 институции влегле во решавањето на тој проблем. Во случајот на Пауновски, прекршени се членот 4 и 6 кои јасно ги одредуваат обврските на функционерите“, истакна Николовски кој потенцираше дека после Велигден на следната владина седница ќе се донесе одлука за нов директор на ДПИ.