Николовски од Анкара: Обезбедуваме дополнителни количини вештачко ѓубре

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Вахит Киришчи.

Како што соопшти МЗШВ. двајцата министри ја потврдија досегашната трговска размена помеѓу двете пријателски земји и ги прецизираа идните активности во насока за зголемување на трговските капацитети и обезбедување дополнителни количини вештачки ѓубрива за македонските земјоделци.

Министрите на работниот состанок изразија заедничка согласност за реактивирање на земјоделската насочувачка комисија, која повеќе од 10 години не е во функција, а чија клучна цел е проширување на палетата производи за кои би имало намалување на царинските стапки од страна на двете земји.

На средбата министерот Николовски со својот турски колега Коришички разговараше и за продолжување на соработката помеѓу двете држави околу моделот за осигурување на земјоделски поседи на којшто во моментов работи министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.