Николовски: Разработуваме концепт да го ставиме приватното земјоделско земјиште во функција во ваква криза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека се разработува концепт за да се стави приватното земјоделско земјиште во функција во ваква криза.

Тој вели дека за прв пат тоа се прави.

„Конкретен проект имаме на ФАО, денеска ги добивме конкретните податоци, заеднички со канцеларијата на ФАО во следните неколку денови ќе ги објавиме. Не само колку имаме обработливо, и државно туку и приватно земјоделско земјиште заради тоа што разработуваме и концепт како приватното земјоделско земјиште да го ставиме во функција во време на ваква криза“, вели Николовски.