Ништо од ветувањата, само Ќосето сака да го врати – Селими: Псевдопатриотизам од неспособни политичари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За време на кампањата даде многу ветувања за модернизација на Скопје. Еве некои од нив:

Иако ништо од ова се уште не е исполнето, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, започна сосема поинаква постапка. Таа до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за повторно поставување на споменикот на Ќосето. Споменикот, како што велат од Град Скопје, ќе има нова локација, која ќе се наоѓа на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“.

„Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана. Ова е уште еден начин да ја исправиме неправдата и да се оддолжиме на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, да ги паметиме и чествуваме хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен.“, рече Данела Арсовска.

Ќосето или познат како Касапот важи за контроверзна историска личност, додека повторното актуализирање на темата повторно предизвика бурни реакции во јавноста.

„Значи се уште не е блокирана дефинитивно ЕУ перспективата на Република Северна Македонија овие теми се повеќе стануваат главни теми. Ова е јасен индикатор со што ќе се занимаваме ако заглавиме во калта на псевдо патриотизмот на неспособни политичари.“, рече Сефер Селими, политички аналитичар.

Овој споменик беше поставен вечерта помеѓу 6 и 7 септември 2014 година пред Врховниот суд Скопје, како дел од проектот „Скопје 2014“, а кој беше донација на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Но беше остранет на 21.02.2018 година и испратен во магацините на фабриката за метал. Споменикот е отстранет од службите на Град Скопје, во мандатот на Петре Шилегов, по налог на општина Центар, откако градежните инспектори констатирале дека е незаконски поставен, односно дека е дивоградба.