Црна Гора денеска соопшти дека нема регистрирано нов случај на коронавирус. Направени биле 176 тестирања, и сите биле негативни.
Ова е деветти ден оваа земја да нема нов случај. Бројот на инфицирани изнесува 324 лица, а 307 се излечени. Во моментов има осум активни случаи.
