„НЛБ Обврзници“ нов отворен инвестициски фонд во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Комисијата за хартии од вредност на последната седница донесе решение со кое на друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови „НЛБ Фондови“ АД Скопје му даде одобрение за организирање на отворен инвестициски фонд „НЛБ Обврзници“.

„Сопственици на удели во новиот фонд можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори, кои сакаат да вложат средства на период до три години во инструменти со фиксен доход (државни и корпоративни обврзници) и да остварат атрактивен принос“, информираат од КХВ.