Ноќеска апсење на „Партизанска“ во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.03.2020 во 00.20 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле А.Б.(26) од Скопје поради тоа што при преглед кај него бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 6,35 мм, рамка со шест куршуми калибар 6,35 мм и девет куршуми калибар 6,35 мм. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.