Ноќеска експлодирала бомба во двор од куќа во Батинци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 08.08.2021 во 03.34 часот во СВР Скопје, С.С.(40) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во 03.10 часот две лица фрлиле експлозивна направа во неговиот двор од куќа во с.Батици, која експлодирала. Според пријавеното, повредени лица нема, а биле оштетени дел од фасадата на куќата, дел од оградата и паркирано патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.