Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати предлогот за нормализирање на јавниот градски и меѓуградскиот јавен превоз од и кон Општина Куманово.
Превозот беше забранет во изминатите недели, поради тоа што Куманово имаше раст на новозаболени од Ковид-19.
Најпрво беше укинат меѓуградскиот, а потоа и градскиот превоз во овој град, по препорака на Комисијата за заразни болести.
