Носењето маска во училница во текот на целиот ден е тешко, но и штетно за учениците, рече претседателот на Синдикатот за образование, Јаким Неделков во интервју за Радио Слободна Европа.
Жалбите за дигитализација на учебниците за четврто одделение продолжуваат, како од родителите така и од учениците. И Неделков вели дека надлежните треба да имаат реален пристап за овој проблем а тврди и дека не сите ученици имаат таблети.
Поради недостиг на електронски уреди во некои училишта, учениците од четвртите одделенија веќе почнале да учат од фотокопирани учебници кои самите си ги обезбедиле. Освен ова има жалби и од другите одделенија, кои добиле учебници но тие се искинати и исчкртани. Во врска со ва, Неделков рече дека локалната власт и МОН треба да соработуваат и итно да ги решат ваквите проблеми.
