Со новиот апарат за магнетна резонанца ќе се скрати времетраењето на прегледите на пациентите, а ќе се зголеми и бројот на прегледи што може да се извршат во текот на еден ден, информира директорот на клиниката „Свети Наум Охридски“, Небојша Настов. Досега се правеле 4.000 прегледи, а сега ќе се извршуваат најмалку 5.000.
„Главниот акцент е на новиот апарат за магнетна резонанца, кој можете да го видите во позадина, има столбови од лабораторијата, односно апаратура за употреба во хируршките сали во нивните клиники. Инаку, вкупната вредност на сè што добивме минатата година е околу деведесет милиони денари, или еден и пол милион евра“, вели Небојша Настов.
Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека продолжуваат со имплементација на владината програма за подобри услуги во здравството.
„Продолжуваме таму каде што сме со имплементацијата на програмата на Владата и Министерството за здравство за создавање услуги и инфраструктура за лекарите да можат да обезбедат здравствени услуги за нашите пациенти“, вели Азир Алиу.
Во посетата беше и премиерот Христијан Мицкоски, кој вети дека ќе создадат сериозни структурни реформи во здравството во рок од неколку години.
