Нов инцидент со авион „Боинг“, падна капак од мотор во Денвер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов инцидент на авион на компанијата „Боинг“ низ светот. На модел од типот 737-800 на компанијата на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) му падна капакот на моторот по полетувањето од аеродромот во Денвер и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага.

Медиумите пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“,  а авионот безбедно се вратил на аеродромот. 

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот. 

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.

Поради честите инциденти на авионите „Боинг“, неколку директори во изминатите месеци поднесоа оставки.