Нов инцидент во Белград: Се урна дел од настрешница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На улицата „Кнез Михаилова“ број 10, пред позната парфимерија, се урна таванот на една настрешница.

Ова се случило, според медиумите, најверојатно во текот на ноќта.

Властите поставија лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат низ овој дел од патот.

Делови од срушениот таван се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси од таванот.