Нов инцидент во Сиднеј: Со нож нападнат бискуп, три лица ранети (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бискуп и неколку верници се повреди во напад кој се случи во австралискиот град Сиднеј.

Бискупот Мари Емануел проповедал во црква во западниот дел на Сиднеј во понеделникот нешто после 19 часот по локално време, кога напаѓачот пришол и наводно му нанел неколку убодни рани.

На вознемирувачкото виде, кој во живо се пренесувал на Јутјуб каналот на црквата, се гледа како епископот Емануел зачудено го подигнува погледот, додека напаѓачот изненадувачки го напаѓа по лице.

Потоа бискупот паѓа на подот, а неофицијално се повредени тој и уште две лица.

Пред неколку дена во истиот град се случи напад во кој се убиени шест лица и 12 лица ранети.